Македонските граѓани без виза можат да влезат во 130 држави во светот

Од:

Македонските граѓани без виза можат да влезат во 130 држави во светот што е за три повеќе отколку лани. Според рангирањето на „The Henley Passport Index“, македонскиот пасош е на 38. место во светот и бележи скок за седум места во споредба со минатата година.

На листата за 2025 година сме пред Србија која го зазема 32. место, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија се на 43. место, Турција на 46. и Косово на 61-во место.

Најмоќниот пасош на светот и годинава го има Сингапур чии граѓани може без виза да влезат во 193 од вкупно 227 земји. На второто место се Јапонија и Јужна Кореја со пристап до 190 дестинации без претходна виза, трети се Данска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Шпанија и Финска со пристап до 189 дестинации. На четвртото место со пасош со кој може без виза да се патува во 188 земји се Австрија, Белгија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија и Шведска, на петтото со можност за безвизно патување на 187 дестинации се Грција, Швајцарија и Нов Зеланд. Со британски пасош слободно може да се патува во 186 земји со што е на шесто место, додека пасош на САД е на 10. место и со него без виза може да се патува на 182 дестинации.

Пасош кој е најниско рангиран, со кој може без виза да се патува само во 25 земји има Авганистан, по што следат Сирија со пасош со кој може да се патува на 27 дестинации и Ирак со пасош со кој без виза може да се патува во 30 земји.

Би можело да ве интересира

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Мицкоски: Кога светски експерт како Кедев кажува нешто, мора да има позадина – целосно ќе се проверат сите индиции, одговорност ќе има

Мицкоски: Од 1 октомври покачување на пензиите, следното зголемување напролет

Предраг Петровиќ

Меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и Хуманитарно здружение “Мајка”

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

Андоновска: Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во Поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС