Фон дер Лајен: Сцените на цивили убиени во Газа додека чекаат помош се неподносливи

Од:

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека сцените на цивили убиени во Појасот Газа додека чекаат на местата за дистрибуција на хуманитарна помош се „неподносливи“ и го повтори повикот на ЕУ за безбедна и брза испорака на помош и почитување на меѓународното право.

– Цивилите не смеат да бидат цел. Никогаш. Сцените од Газа се неподносливи. ЕУ го повторува својот повик за слободен, безбеден и брз проток на хуманитарна помош. И за целосно почитување на меѓународното и хуманитарното право“, напиша фон дер Лајен во објава на платформата X.

Таа нагласи дека Израел мора да ги исполни своите ветувања во врска со испораката на помош во Газа.

Израел се согласи да го прошири хуманитарниот пристап до Појасот Газа, вклучително и зголемување на бројот на камиони што носат помош, премини и патишта до дистрибутивните центри.

Повеќе од 800 цивили, според податоците објавени од ОН, се убиени додека се обидувале да добијат помош во Газа од крајот на мај кога Хуманитарната фондација Газа, поддржана од Израел и САД, ја презеде дистрибуцијата на помошта.

Би можело да ве интересира

Христофору: Фон дер Лајен е вознемирена затоа што Брисел знае од каде полетуваат дроновите

Фон дер Лајен: ЕУ подготвува построги правила за социјалните мрежи за заштита на децата

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Фон дер Лајен одговори на заканата на Трамп за царини на автомобили

Маѓар разговараше со Фон дер Лајен за замрзнатите милијарди: Исклучително успешно!

А1он

Фон дер Лајен: Војната во Иран ја чини ЕУ 500 милиони евра дневно

А1он