Промоцијата на Ламинe Jамал како нов носител на легендарната „десетка“ на Барселона предизвика вистински комерцијален бум.
Само 24 часа по официјалното соопштение, клубот продаде околу 70.000 дресови со името на Jамал, генерирајќи приход од дури 10.000.000 евра, според шпанските медиуми.
Барселона и Најк однапред се подготвија за голем интерес, избегнувајќи недостиг во првите бранови на побарувачка, а новиот договор му даде на клубот целосна контрола врз онлајн продавницата, што дополнително ги зголеми приходите.
Клубот верува дека претстојната сезона би можела да ги сруши сите претходни рекорди во заработката од продажба, минатогодишните приходи беа помеѓу 140.000.000 и 150.000.000 евра.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, верува дека комбинацијата од популарноста на Jамал и маркетиншката стратегија ќе донесе една од најпрофитабилните сезони во поновата историја на клубот.
Човекот за чиј 18-ти роденден сè уште се зборува веќе го престигна досега недопирливиот Лео Меси со овие бројки, сега останува тешкиот дел – да се изедначи со легендарниот Аргентинец и на теренот…