(ВИДЕО) СДСМ: Со 10 денари за откуп на пченица ВМРО-ДПМНЕ го закопа македонското земјоделство

Од:

Се случува хаос во земјоделието, земјоделците се оставени сами на себе едвај да преживуваат во тешки услови. ВМРО-ДПМНЕ и Цветан Трипуновски ниту знаат, ниту имаат капацитет да креираат вистински политики за развој на земјоделството. Лажeа пред избори дека ќе донесат нови мерки, дека ќе има повеќе пари за субвенции. Реалноста на терен е сè посурова, а македонското земјоделството тоне секој ден. Оваа година, откупната цена на пченицата падна драстично, само 12 денари за килограм, па дури и помалку. 25.000 земјоделци кои произведуваат пченица на 70.000 хектари се директно засегнати“ рече на прес-конференција Трајан Димковски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Според него, и овие 12 денари што Трипуновски сака да ги преставува како висока откупна цена, на терен се пониски. По 12 денари за килограм ќе биде откупен само еден мал дел или околу 20%, а другото од околу 80% ќе биде откупено по цена од 10 денари. Во време на владите на СДСМ, во време на жетва пречницата се продавала и по 17 денари за килограм и тоа не така одамна. За да им помогне, СДСМ заедно со земјоделците поднесе и амандман за поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица. Но власта немаше слух“.

Не е само проблемот со откупот на пченицата и ниските цени. Власта скрати пари за земјоделците, 478 милиони денари помалку има со новиот ребаланс. Од вкупниот годишен буџет за субвенции кој во моментот е 7,2 милијарди денари се крати на 6,7 милијарди денари. Само за споредба во 2024 година се исплати 8,4 милијарди денари од овие бројки се гледа дека буџетот за субвенции е намален за близу 30 милиони евра. Лозарите и ова година повторно беа превеслани од Трипуновски“ рече Димковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Не е проблем да појдам во ССМ, понудата е на маса, нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски