Најмалку шест лица убиени во близина на дистрибутивниот центар за помош во Рафа во јужна Газа

Од:

Најмалку шест лица беа застрелани во Рафа во јужниот дел на Појасот Газа во близина на дистрибутивниот центар за хуманитарна помош управуван од Хуманитарната фондација Газа (GHF), објавија денес медиумите во Газа.

Во исто време, болницата Ал-Авда во градот Газа соопшти дека примила четири лица кои биле ранети од огнено оружје во друг дистрибутивен центар долж коридорот Нецарим во централна Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

Откако GHF започна со работа кон крајот на мај, добиваат речиси дневни извештаи за убиени Палестинци кои се обидуваат да добијат помош.

Сведоци рекоа дека повеќето од Палестинците биле застрелани од израелските сили, објави „Ал Џезира“.

Би можело да ве интересира

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето

САД: Нема план за протерување на Палестинците од Газа

„Гардијан“ открива: Како израелската војска ги претвора хуманитарците во мети

Холандија се откажува од Евровизија

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа