Мерц: Германија стои покрај Израел, но не по секоја цена

Од:

Германија стои покрај Израел, но не по секоја цена, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во своето обраќање пред новинарите во Берлин денес.

„Никогаш не сум споменал „безусловна поддршка“ за Израел… Ние го поддржуваме Израел, но јасно и гласно кажуваме што мислиме за одредени ситуации“, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц како одговор на прашање од новинар за време на традиционалната прес-конференција пред летната пауза.

На прашањето на новинарите дали премисата дека безбедноста на Израел е „државен интерес“ на Германија, како што ја формулираа претходниците на Мерц, сè уште е валидна, Мерц (Христијанско-демократската унија ЦДУ) одговори дека безбедноста на Израел е важна за Германија, но не по секоја цена.

„Сакаме да му помогнеме на Израел, но јасно и гласно кажуваме што сметаме за неприфатливо… Она што моментално се случува во Газа е неприфатливо и тоа му го ставив јасно до знаење на Бенјамин Нетанјаху“, рече Мерц.

Во исто време, тој ги отфрли споредбите меѓу Израел и Русија по прашањето за воведување санкции.

„За разлика од Русија, Израел е демократска земја. Израел исто така беше нападнат. Доколку Израел не се бранеше, повеќе немаше да постои“, заклучи Мерц.

Би можело да ве интересира

Замир: САД би можеле да го нападнат Иран за две недели

Мерц: Кина се проби во редовите на големите сили, водство на САД е доведено во прашање

Нетанјаху предупредува: Антисемитизмот ја загрозува иднината на цивилизацијата

Спречен напад врз авионот на Фридрих Мерц

Мерц: Се солидаризираме со Гренланд и Данска

Нови израелски напади врз Газа: Убиени се членови на Хамас и Исламски џихад