Мицкоски: Сите сакаме да бидеме во ЕУ, но не по секоја цена – ако е цената асимилација, не фала, не сакам

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево изјави дека е подготвен заедно со Бугарија, преку бугарските пратеници во Европскиот парламент, да поднесе резолуција во која, рече, „јасно ќе стои македонскиот многувековен посебен идентитет и јазик … и да почнеме да испорачуваме“.

Според него, предлозите „сегашен“ и „модерен“ не се ништо освен асимилација.

– Ако е цената e асимилација, не фала, не сакам. Како да бидам политички аналфабет, како некој пред мене, и да прифатам нешто без да знам дека на крајот ќе има јасен крај. Како ќе излезам пред граѓаните? Јас не сакам да ја платам таа цена, мислам дека е преголема, без да има испорака од двете страни. Јас сум политичар со легитимитет добиен од граѓаните … Сите сме за ЕУ и сите сакаме да бидеме во ЕУ, но не по секоја цена. Овој народ и оваа држава дала премногу како никој друг и на граѓаните им е преку глава од таков тип политика „сега или никогаш“ … Се менува нашиот идентитет, од знамето до името, тоа е дел од основните темелни вредности на еден идентитет, атрибути коишто го дефинираат еден идентитет. Една по една, се менуваат – рече Мицкоски.

Според него, не е суштина вметнувањето неколку стотици граѓани во Уставот и дека во многу посети негови во Брисел, и во поранешниот и сегашниот состав во телата на ЕУ, се обидувал, рече, да им ја претстави суштината на проблемот и дека тој трае со децении.

– Секогаш сум им велел да направивме елементарен чекор – да се обидеме во Европарламентот со мнозинство гласови да донесе одлука или резолуција, или ќе биде дел од извештај, со кој јасно ќе се признае како посебен македонски јазик и идентитет … Она што можеше Европа да види дека не е само промена на Уставот единствено нешто да направиме за да може да продолжиме, впрочем многу влијателни фигури во Бугарија тоа го кажуваат, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски