ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрaчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикaни се пожари

Од:

Неколку пожари има на подрачјето на општините Куманово и Старо Нагоричане, информираше Центарот за управување со кризи.

-Поради ветер кој го зафати подрачјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари. Во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане се пријавени пожари во село Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане, Стрновац, соопшти ЦУК.

Во скопскиот регион се пријавени пожари помеѓу Индустриска зона Бунарџик и рафинерија Окта.

Сообраќајот на автопатот Скопје-Куманово, Куманово-Скопје е во прекин, соопшти попладнево Автомото сојузот на Македонија.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Испратени се дополнителни сили за справување со пожарот над селото Копаница

(ВИДЕО) Голем пожар беснее во Солун: Повеќе од 100 пожарникари се борат со огнената стихија

Четири изгубени животи што не се забораваат – 14 години од пожарот над Струмица

(ВИДЕО) Пожарот што избувна во Толедо се прошири на поширокото подрачје на Мадрид

Трагедија во Перу: Пожар во Лима одзеде најмалку десет животи, загинаа пет деца

Даг Форд му одговара на Трамп: Апсолутно е неприфатливо, еден ден ние ќе ви требаме