СДСМ: Цела јавност го осуди насилството над Арсовска, само Мицкоски ги поддржува насилниците

Од:

Целата јавност го осуди инцидентот во кој беше извршено насилство врз градоначалничката на Скопје, само Мицкоски го одобрува. Како и во сите досегашни ситуации кога се соочува со критика, Мицкоски ја обвинува СДСМ и креира нови поделби“ реагираат од СДСМ.

Од партијата велат Мицкоски со тоа признава дека го одобрува насилството, а можеби и стои директно зад насилниците. Мицкоски е познат по заканите и тоа не би било воопшто чудно. ВМРО-ДПМНЕ јасно порача: секој кој ќе се дрзне да го открие криминалот на оваа Влада ќе се соочи со закана и заплашување. Се враќа ВМРО-МВРО на голема врата, но Мицкоски треба да знае дека таков систем граѓаните еднаш поразија и ќе го поразат повторно. Нема место за нов режим во нашето општество“.

Мицкоски секојдневно го покажува своето авторитарно лице, нешто на кое СДСМ со месеци предупредува. ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога ќе се соочи со критика или со откривање на криминал прибегнува кон репресија, тепање и закани. СДСМ нема да молчи кога се во прашање слободата, безбедноста и злоупотребите. Никој не смее да живее во страв и никој не смее да се плаши да пријави криминал на власта“ се вели во партискиот став.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он