(ВИДЕО) Јанчев: Власта го одби амандманот за прогласување на Кожуф за национален парк

Од:

Пратеникот од Левица, Сашко ЈАНЧЕВ, во Собранието поднесе амандман кон ребалансот на буџетот со кој предложи да се одвојат средства за изработка на стручна студија за валоризација на планината Кожуф – како неопходен чекор кон нејзино прогласување за заштитено подрачје. За жал, владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ овој амандман го одби.

„Законот за заштита на природата бара предлогот за прогласување на некое подрачје за заштитено да содржи ваква студија. А во изминатите 10 години Кожуф е под постојан напад од луѓе кои за личен профит се спремни да ја уништат животната средина, планината и животите на луѓето што живеат таму“, предупреди Јанчев од собраниската говорница.

Тој потсети на катастрофалните последици од хидроцентралата на Конска Река, која ја остави реката без вода и претвори жив екосистем во пустош. „Сега повторно сме сведоци на уништување – во тек се сечи и интервенции за изградба на две нови мали хидроцентрали на реката Дошница, една од најчистите реки во Македонија“, истакна Јанчев, додавајќи дека веќе 13-ти ден граѓаните со жив штит ја чуваат реката и планината.

„После сè што се случи и се случува на Кожуф, време за чекање нема, оти овие инвеститори немаат осет. Со овој амандман предложив да се обезбедат средства за изработка на студијата, за конечно да се покрене постапката за прогласување на Кожуф за заштитено подрачје“, заврши пратеникот на Левица, предупредувајќи дека во спротивно, инвеститорите ќе продолжат да го уништуваат овој природен бисер за сопствен профит, без да сносат одговорност.

Би можело да ве интересира

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски