ВИДЕО: Пожарот во селото Рамне ја зафати црквата, гробиштата и неколку куќи

Од:

Пожарот кој избувна кај фабриката за муниција и оружје „Сувенир“ во Самоков вчеравечер се проширил во правец на село Рамне каде што изгорел дел од црковниот двор со гробиштата, дел од мензата и дел од камбанаријата.

– На 07.07.2025 во ОВР Македонски Брод е пријавено дека во с.Рамне, Македонски Брод, има пожар, кој се шири кон с.Зркле, при што од огнот биле зафатени дел од камбанаријата на црквата во с.Рамне и гробиштата, како и неколку куќи. Пожарот е се уште активен и се преземаат мерки за негово гасење – потврдуваат од МВР.

До 12:30 часот регистрирани се 10 пожари на отворен простор, од нив активни се девет, а еден е локализиран, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според ЦУК, активни се пожарите во општина Прилеп – с. Бешиште (приземен во мешана шума), општина Македонски Брод 1 – помеѓу с. Црешнево и с. Слатин (дабова шума и грмушки), општина Македонски Брод 2 – с. Самаково (лесно запалив материјал), општина Велес – поранешна фабрика Порцеланка (ниска вегетација), општина Чашка – под Солунска Глава, Изворите на Бабуна – Бабина Дупка (само чад во карпест предел), општина Пробиштип – с. Петршино (ниска вегетација и стрниште), општина Чучер Сандево – помеѓу с. Блаце и с. Чучер (мешана шума и ниска вегетација), општина Шуто Оризари – Њу Стар Хотел (депонија) и општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума).

Локализиран е пожарот во општина Делчево – Градска депонија (депонија).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еден повреден во пожарот во Визбегово, приведен е сопственикот на отпадот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожарот во Визбегово е блиску до куќи, ќе се евакуира население ако има потреба

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Гори депонијата во Визбегово, скопските пожарникари интервенираат со четири возила

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тежок е пожарот кај Николич, најкритичен кај „Самоков“ – се гаснат во воздух

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожарот во Чучер-Сандево е подметнат, имало обид утрово повторно да се разгори, вели Ангелов

Катерина Ѓуровски

Пожар избил синоќа во кругот на болницата во Битола