Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкa „Прототема“.
Земјотресот се случи во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, според податоците од Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.