Арамија оди во притвор за кражба во кујна во Скопје, украде и „голф 3“

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Одземање моторно возило по член 242 став 1, како и – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 3 јули, од паркинг просторот на ПОЦ во непосредна близина на Зелен пазар на улицата „11-ти Октомври“ во Скопје, одзел туѓо моторно возило марка „фолксваген голф 3”.

Тој го искористил фактот дека автомобилот бил оставен отклучен и со клучеви во бравата за стартување, па без да биде забележан влегол во возилото, го стартувал и го одзел.

Ноќеска, пак, во угостителски објект на Кеј, во непосредна близина на Младинскиот културен центар, осомничениот со тврд погоден предмет и физичка сила го отворил прозорецот од кујната од каде влегол во објектот.

Извршил претурање и одзел една внатрешна единица за клима уред, звучник, повеќе алкохолни пијалаци, храна и други предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 65.000 денари, а со провалувањето причинил и материјална штета околу 6.000 денари.

Бидејќи недвосмислено постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Би можело да ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Таткото со шлаканици по четиригодишната ќерка – „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“

А1он

ОЈО бара притвор за директорот на Геријатрија и за неговиот соработник

Обвинителство бара притвор за седум полициски службеници од Штип и Кочани осомничени за тешки дела против општата сигурност

А1он

Притвор за Ратко Капушевски и Асмир Јахоски

Притвор за петмина насилници од денешните протести пред Градското собрание на Белград

30 дена притвор за двајца полициски службеници