ВИДЕО: Нови поразителни бројки за жртвите во Тексас, загина 21 дете

Од:

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во Тексас се искачи на најмалку 67, вклучувајќи 21 дете, додека потрагата по исчезнатите девојчиња од летен камп влезе во третиот ден.

Лари Леита, шериф на округот Кер во регионот Тексас Хил Кантри, епицентарот на поплавите, изјави дека бројот на жртви се искачил на 59, вклучувајќи 21 дете.

Леита рече дека 11 девојчиња и еден советник во кампот се водат како исчезнати од летен камп во близина на реката Гвадалупе, која се излеа од коритото по обилните дождови во централен Тексас на Денот на независноста во петокот.

Останатите жртви се од други окрузи погодени од поплавите.

Службениците изјавија дека повеќе од 850 луѓе се спасени, вклучувајќи некои кои се држеле за дрвја, откако ненадејната бура врнела до 38 см дожд низ регионот, околу 140 км северозападно од Сан Антонио.

Федералната агенција за управување со вонредни состојби беше активирана денес и распореди спасувачи откако претседателот Доналд Трамп прогласи голема катастрофа, соопшти Министерството за внатрешна безбедност.

Хеликоптери и авиони на крајбрежната стража помагаат во напорите за пребарување и спасување, соопшти министерството.

Се очекуваат повеќе врнежи во областа во недела, а Националната метеоролошка служба издаде предупредување за ненадејни поплави за округот Кер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплавите во Тексас однесоа над 50 жртви, уште се трага по десетици деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Тексас: Четворица повредени, неколку домови оштетени

Заев испрати телеграма со сочуство за жртвите во Тексас

Наум Локоски