Продолжува пеколното време, температури над 40 степени

Од:

Времето денеска е претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 40 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека до вторник времето ќе биде многу топло со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени.

Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во среда ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Сончево со мала до умерена локална облачност

А1он

Високи температури до 34 степени, попладне можни грмежи и краткотрајно невреме

Променливо облачно време со дожд и грмежи, температури до 34 степени

А1он

УХМР најавува врнежливи денови

Повеќе облаци, малку сонце и дожд попладне

Сончево и топло со температури до 34 степени, најава за пороен дожд попладне