Минчев: Македонија е решена да стане модерна европска држава, тоа не може да се постигне со стари навики

Од:

Министерот за јавна администрација Александар Минчев, денеска на прес-конференција по повод една година од формирањето на Министерството, ги презентираше клучни резултати и реформски потези кои, како што рече, ја поставиле основата на новата култура на управување во јавниот сектор.

– Формирањето на Министерството за јавна администрација не беше бирократски потег. Тоа беше политичка порака. Порака дека веќе нема место за партиски вработувања, за нефункционални институции, за тајни договори и за неучење, изјави Минчев, нагласувајќи дека јавната администрација повеќе не смее да биде „заштитена зона за привилегирани поединци“, туку сервис на граѓаните.

Од клучните преземени мерки тој ги издвои корекцијата на Балансерот, односно методологијата за пресметка на етничката застапеност во јавниот сектор.

-Пресметката ја усогласивме согласно тогашниот актуелен Закон, врз база на реалната резидентна популација, а не по дотогашната пресметка на нерезидентно население, објасни Минчев.

Ги посочи и јавните дебати со институции и граѓанскиот сектор во рамки на кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“, односно четири јавни дебати, вклучувајќи и завршна сесија во матичната собраниска комисија.

Министерот најави дека законските решенија кои произлегле од јавните консултации се веќе во завршна фаза во Собранието.

-Ги поставивме темелите на таа нова култура. Македонија е решена да стане модерна, европска држава и тоа не може да се постигне со стари навики, туку со нова култура на управување, заклучи Минчев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

Мицкоски: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит

Предраг Петровиќ