Захарова: Западот нема контрола врз испораките на оружје за Украина

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Западот нема контрола врз испораките на оружје за Украина, нагласувајќи дека овие испораки се дел од поширока иницијатива во рамките на хибридна војна со Русија.

„Нема договорни обврски. Ова е исклучиво иницијатива што се спроведува во контекст на хибридна војна против нас. На Западот дури и не му е грижа каде води тоа во оваа фаза. Тие немаат контрола врз испораките на оружје за Украина“, изјави Захарова за Спутник.

Нејзината изјава дојде откако американскиот телевизиски канал NBC објави дека САД ги прекинале испораките на оружје и муниција за Украина, вклучувајќи десетици пресретнувачи Патриот, повеќе од сто ракети Хелфаер и десетици ракети Стингер.

Би можело да ве интересира

Захарова по изјавата на Мерц дека Русија се меша во германските работи: Ова е веќе за психијатри

А1он

Захарова: Зеленски го саботира процесот на мировни преговори

Захарова: Гаѓаме само воени цели

А1он

Зеленски доби таков шамар, нема да му биде лесно да се освести, вели Захарова

Горан Наумовски

Захарова: Жалните резултати од политиката на Зеленски може да се видат на мапата

А1он

Захарова: Изјавите на Макрон дека Путин не сака мир се подмолна лага