Зеленски: Берлин сега јавно го поддржува влезот на Украина во Алијансата

Од:

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски изјави дека ставот на Германија за членството на Украина во НАТО се променил и дека Берлин сега го поддржува влезот на Украина во Алијансата.

На средбата со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул во Киев, Зеленски рече дека германските претставници на неодамнешната средба на НАТО во Брисел јасно изразиле поддршка за украинското членство.

– Сакам лично да ви се заблагодарам за сигналот кој многу долго не доаѓаше од германска страна – можеби никогаш не бил изречен на овој начин, рече Зеленски.

Тој додаде дека планира да разговара со лидерите на ЕУ за зголемување на финансирањето за производство на беспилотни летала и за заеднички проекти во одбранбената индустрија.

До неодамна, САД, Германија, Унгарија и Словачка беа меѓу земјите кои отворено се спротивставуваа на приемот на Украина во НАТО, потсети Зеленски.

Би можело да ве интересира

Зеленски бара Европа да биде вклучена во сите мировни преговори

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?

Вајдел бара Зеленски во Берлин да одговори на наводите за незаконско приведување и малтретирање луѓе

Зеленски со директна порака до Трамп: „Притиснете го Путин, а не мене“