Мицкоски по средбата со Кос: Ја истакнав определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи во областите на владеењето на правото, економскиот развој и дигиталната трансформација.

– Денес остварив средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во дводневна посета на земјава по повод лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан. На средбата се разговараше за европската перспектива на регионот, со фокус на спроведувањето на реформите, реализацијата на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и унапредувањето на соработката со европските институции. Ја истакнав цврстата определба на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи во областите на владеењето на правото, економскиот развој и дигиталната трансформација, напиша Мицкоски на неговиот официјален Фејсбук профил.

Еврокомесарката Кос, посочува тој во објавата, ја поздравила реформската агенда на Владата и ја потврдила поддршката на Европската комисија за напредокот на регионот на европскиот пат.

– Нагласив дека средбата претставува потврда за зголемената улога на државата во регионалните и европските процеси, како и признание за новата енергија со која Владата ги води реформите и создава предвидлива и стабилна иднина за сите граѓани, подвлече премиерот Мицкоски во објавата.

На лидерската средба чиј формален дел ќе започне утре најавено е присуство на лидерите од Западен Балкан, како и на министри, високи претставници од Европската унија, регионални организации и меѓународни институции.

Во рамки на лидерската средба утре ќе се одржат два панела од кои првиот ќе биде посветен на Планот за раст на Западен Балкан и на него ќе се обратат премиерот Мицкоски и еврокомесарката за проширување, по што ќе следи заедничка прес-конференција.

Вториот панел ќе биде посветен на конкретните механизми и поддршка за спроведување на Планот за раст.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За разлика од кај нас, опозицијата во Украина и Молдавија не работи против државните интереси

Еврокомесарката Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје

A1on

По 17 јуни ќе има реконструкција на Владата, најави Мицкоски

A1on

Мицкоски се сретна со Ердоган – потврдена е стратешката соработка меѓу Македонија и Турција

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Макрон и Мерц: Исклучително сум задоволен

Катерина Ѓуровски

Проширувањето на ЕУ и интеграцијата на Западен Балкан во фокусот на самиотот во Тиват

Катерина Ѓуровски