Сиљановска-Давкова со предупредување од Севиља: Постојат сериозни геополитички и економски ризици

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот, којашто под покровителство на ОН се одржува во Севиља.

Во своето обраќање, таа ја истакна важноста на мултилатерализмот и заедничките глобални напори за справување со сиромаштијата, климатските промени, нееднаквоста и социјалната неправда.

Сиљановска-Давкова предупреди дека постојат сериозни геополитички и економски ризици коишто ги поткопуваат досегашните достигнувања, изрaзувајќи верба во можноста од подобар и поодржлив свет.

Според неа, пристапот до праведно финансирање е клучен услов за успех и за доверливи партнерства. Во новиот Пакт за иднината, претседателката препознава обновен глобален општествен договор. Таа укажа на потребата од споделена одговорност на сите засегнати страни.

Потенцирајќи дека речиси две третини од Целите за одржлив развој се поврзани со реформите на Европската Унија, претседателката информираше дека нашата Национална стратегија за развој 2024-2044 е усогласена со најновата Рамка за соработка за одржлив развој на ООН.

Сиљановска-Давкова им се заблагодари на ОН, ЕУ и развојните агенции од повеќе земји, како и на меѓународните финансиски институции – ЕБОР, Светска банка, ЕИБ и Инвестицискиот фонд за Западен Балкан за суштинската поддршка преку проектите во областите на зелената транзиција, здравството, образованието и инфраструктуратa.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сиљановска ја избра најкорупмпираната власт која ја носи Македонија во изолација

Ако има решение за Украина, ЕУ ќе најде и за Македонија, порача претседателката Сиљановска

Катерина Ѓуровски

Сиљановска Давкова: Можни се излезни решенија за ЕУ, но историјата, културата и јазикот мора да се тргнат од критериумите

Сиљановска – Давкова: Да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество и одново да ги научиме доблестите на св. Климент што ја одржуваат заедницата

Јавна расправа за извештајот ДЗР кој алармира: Недостатоци во спроведувањето на Истанбулската конвенција излегуваат на површина

Сиљановска-Давкова: Фемицидот е еден од најтешките општествени проблеми со коишто сме соочени

А1он