Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран, гореше дива депонија

Од:

Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран, но на терен се останати две екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје да дежураат.

Тие денеска интервенирале со седум возила и 20 пожарникари. Од пожарот, како што информира Центарот за управување со кризи, зафатена била површина од 5000м2, жито и еден магацин со градежни материјали, како и дворот од хотелот.

– Денеска, при повторно разгорување, пожарот се прошири до хотелот „Њу Стар“, како и до околните куќи, со што директно беа загрозени животите на граѓаните. Центарот за управување со кризи апелира до сите надлежни институции и локалните самоуправи итно да се вклучат со конкретни чекори и да се стави крај на проблемот со дивите депонии, кои претставуваат непосредна опасност за животната средина и јавното здравје, стои во објавата на ЦУК на Фејсбук.

Оттаму информираа дека директорот на ЦУК, Мухамед Али, утрово испратил ново барање до надлежните институции со цел да се преземат конкретни активности за решавање на проблемот со дивата депонија. Во текот на минатата недела, како што се информираат од ЦУК, тој повеќекратно испратил официјални барања до надлежните институции.

– Проблемот со оваа дива депонија трае подолг временски период и претставува реална закана за здравјето, безбедноста и добробитта на граѓаните, како и сериозна оперативна оптовареност за БППЗ, која често е ангажирана на истата локација, велат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

(ВИДЕО) Катастрофа кај Спокејн: Уништени најмалку 700 објекти, евакуирани над 60.000 жители

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

ЦУК: Активни пет пожари низ државата, десет се изгаснати

(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот во кавадаречко се шири кон Тиквешко Езеро, ќе биде тешко да се локализира

Горан Наумовски