Општина Центар: Профит коалицијата ДПМНЕ и ЗНАМ оркестрирано ја почнаа кампањата против Герасимовски, сметката ќе ви ја испорачаат граѓаните на изборниот ден

Од:

Општина Центар во последните три и пол години е симбол на транспарентност и чесно работење. За тоа говорат сите рангирања на општината која е во топ 3 транспарентни општини и општина со највисок процент на реализација на програмата. ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се очајни во синхронизираната негативна кампања и јалови се обидите да се дискредитира градоначалникот Герасимовски.

Уплашени што се уште не можат да најдат противкандидат на Герасимовски, тие решија да тргнат во лаги наместо конкретни понуди за центарци. Ова е добро позната матрица на ВМРО-ДПМНЕ која скриена зад ЗНАМ мисли дека може да ги излаже граѓаните да заборават на нивните злодела во Центар.

ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, денеска оркестрирано и неиздржано ја започнаа црната кампања против општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски.

Но граѓаните на Центар не го забораваат историскиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, носењето на ДУП-овите во 3 по полноќ, насилството врз општинските работници и рушењето на институцијата.

И додека ние работиме за граѓаните, да ги потсетиме ВМРО-ДПМНЕ дека нивното владеење во Центар го обележа скапиот и забеган проект ,,Скопје 2014”, кој нивните сегашни партнери, како опозиционери, жестоко го критикуваа. Но, сега молчат заради фотелји и власт.

Ние се подготвуваме за натпревар со проекти и идеи. Впрочем тоа граѓаните го покажуваат при секојдневните средби на градоначалникот со граѓаните во нивните маала. Центар како транспарентна општина секогаш е отворена и за пофалби и критики. Буџетот го креираме во договор со жителите. Реализиравме, на барање на центарци многу повеќе од ветувањата во изборната програма. Во наредниот четиригодишен мандат ќе ги завршиме започнатите проекти но и многу нови со кои Центар ќе биде похумано и посовремено место за живеење.

Со идеи, а не со безидејни обвинувања, ве чекаме на изборните соочувања, тогаш ќе покажеме кој знае да работи и гради, а кој само да се заканува. Впрочем коалицијата ВМРО-ДПМНЕ-ЗНАМ е профит коалиција. Ние ја имаме коалицијата со центарци, а тие сметката ќе ви ја испорачаат на изборниот ден, наведуваат од општина Центар.

Би можело да ве интересира

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

Пожарот кај поранешната депонија Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

(ВИДЕО) Максим Димитриевски: ЗНАМ е движење на младите – тие се иднината на Македонија

Предраг Петровиќ

Голем пожар во Вардариште, цел Аеродром без струја

Предраг Петровиќ