Северна Кореја испраѓа нови трупи во Русија: Москва се спрема за нова офанзива во Украина

Од:

Северна Кореја би можела да распореди дополнителни трупи во Русија во јули или август во поддршка на Москва во нејзината војна против Украина, соопштија јужнокорејските пратеници, повикувајќи се на извештај на Националната разузнавачка служба (НИС).

Пратеникот Ли Сеонг-кјун им изјави на новинарите по брифингот зад затворени врати дека разузнавачката агенција на Јужна Кореја верува дека Русија би можела да започне напад од големи размери врз Украина во следните два месеци и дека пристигнувањето на нови севернокорејски сили би можело да биде во согласност со тие планови, објави Ројтерс.

Според истите извори, Пјонгјанг веќе испратил артилериска муниција и ракети во Русија, а за возврат би можел да добие техничка помош во областите на сателитска технологија и ракетно насочување.

Ли рече дека неодамнешната посета на висок руски безбедносен функционер на Пјонгјанг е дел од доказите врз кои НИС ја базира оваа проценка.

Северна Кореја и Русија ја потврдија соработката, вклучително и во воениот аспект, повикувајќи се на договор за меѓусебна одбрана потпишан од нивните лидери во јуни минатата година.

Москва и Пјонгјанг сè уште официјално не коментирале за најавите за дополнителни трупи.

Би можело да ве интересира

Лавров: Европа се обидува да ги поткопа американските предлози за решавање на војната во Украина

Предупредување од британскиот генерал: Руската тврда моќ расте, тие имаат сè поискусна армија

Белгија контра планот за користење на руските милијарди

Русија бара отштета од 230 милијарди долари од „Еуроклеар“

Катерина Ѓуровски

Руската економија со најголем пад во последните години, покажуваат бројките на Ројтерс

Зеленски за мировниот план: Ниту една страна нема да биде целосно задоволна