Лавров: Зголемените трошоци за одбрана на НАТО нема значително да влијаат на нашата безбедност

Од:

Одлуката на НАТО да ги зголеми трошоците за одбрана нема значително да влијае на безбедноста на Русија, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Знаеме кои се нашите цели, не ги криеме, туку ги објавуваме јавно. Тие се апсолутно легални од перспектива на Повелбата на ОН и меѓународното право. Знаеме со какви средства ќе ги постигнеме нашите цели“, рече Лавров, пренесува РИА.

Лавров претходно изјави дека „часовникот на судниот ден“, кој претставува колку светот е хипотетички блиску до нуклеарна катастрофа, се приближува кон полноќ, нагласувајќи дека Русија се обидува да го спречи тоа.

„Ситуацијата е особено тажна кога реваншистичките сили и милитантните расположенија повторно се појавуваат со полна сила во Европа“, нагласи рускиот дипломат.

Би можело да ве интересира

Естонија: Руските напади не треба да се нарекуваат хибридни, туку терористички

А1он

Русија предупреди: Секој напад на Калининград од Британија или НАТО ќе биде одвратен со сите средства, вклучително и нуклеарно оружје

Откриен планот на Трамп за Русија

Предраг Петровиќ

Русија тестираше ласер за неутрализирање на дронови

Предраг Петровиќ

Москва до Вашингтон: „Ослободете го Мадуро“

(ВИДЕО) На работ на пропаст: Нема храна, вода ни лекови, луѓето од очај јадат трева