ВИДЕО: Уапсен најбаранот нарокобос во Еквадор

Од:

Најбараниот бегалец во Еквадор, Хозе Адолфо Масијас, познат и како Фито, е повторно фатен повеќе од една година откако избега од затвор со максимална безбедност.

Фито, водачот на озлогласената банда Лос Чонерос, беше пронајден во неговиот роден град Манта по 10-часовна операција на безбедносните сили. Видео објавено од еквадорската војска покажува униформиран војник како му вперува пиштол во главата откако бил пронајден како се крие во мала дупка под кујнскиот шанк.

Масијас има богато криминално досие, вклучувајќи обвиненија за убиство и организиран криминал, и беше осуден на 34 години затвор во 2011 година.

За неговото апсење беше понудена награда од еден милион долари. Властите сè уште не објасниле како избегал – неговото исчезнување беше откриено дури кога војската дојде да го земе за префрлање во друг затвор и пронајде празна ќелија.

По бегството беше прогласена 60-дневна вонредна состојба. Во тој период, маскирани вооружени лица упаднаа во телевизиското студио за време на пренос во живо, тврдејќи дека имаат бомби.

Интерпол брзо издаде меѓународна потерница за Масијас, кој треба да се соочи со судење во Њујорк по обвинение за меѓународна трговија со дрога и оружје.

Масијас е обвинет за дистрибуција на кокаин низ целиот свет и шверц на оружје и муниција од САД во Еквадор, во соработка со мексикански картели.

Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа потврди дека неговата влада веќе побарала екстрадиција на Масијас во САД и најави дека „ќе бидат соборени повеќе озлогласени водачи на банди“.

Масијас, кој имаше статус на култ меѓу некои во јавноста, беше познат по организирање забави со алкохол и борби со петли во затвор. Во 2023 година, тој објави видео обраќање до јавноста од затвор, опкружен со вооружени чувари.

Соединетите Американски Држави минатата година ги прогласија Лос Чонерос за една од најнасилните банди во светот, додека Еквадор ја означи групата за терористичка организација.

Неговото апсење доаѓа неколку недели откако владата објави дека ќе ја зголеми наградата за неговото апсење на еден милион долари.

Би можело да ве интересира

Толпа извлече Британец од полициска станица во Еквадор и го запали