Доживотен затвор за убијците на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, осободителна пресуда за таткото на девојчето

Од:

Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев добија доживотен затvor за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

Судот го олободи таткото на Вања Александар Ѓорчевски кој беше обвинет дека им помогнал на грабонувачите со тоа што им кажал кога девојчето ќе излезе само од дома.

На осудените, судот им го преодолжи притворот. За Ѓорчевски кој беше ослобден, судот ја укина мерката домашен притвор.

Во обвинението стои дека обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Обвинетите на почетокот од процесот кој траеше нецела година изјавија дека не се чувствуваат виновни.
Во завршните зборови, одбраната на обвинетите побараа ослободителна пресуда, додека, Основното јавно обвинителство побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, а за таткото на Вања побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Би можело да ве интересира

Туфегџиќ: Ослободителната одлука за Александар е законита, но празна, институциите не одговорија на суштинските прашања

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар

Катерина Ѓуровски

Пресудата да убиствата на Вања и на Панче ќе биде објавена денеска

Нема притвор за осомничениот кој наводно го уништи оружјето со кое се убиени Панче и Вања

А1он

Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

Манев кажа кој го уништил синиот ранец со пиштолот користен за убиствата на Вања и Панче