Големи јахти и приватни авиони почнаа да пристигнуваат во Венеција за свадбата на Џеф Безос

Од:

Големи јахти и приватни авиони почнаа да пристигнуваат во Венеција за големата свадбена прослава на сопственикот на Амазон, Џеф Безос, и новинарката и пилотка Лорен Санчез, која ќе трае од четврток до сабота.

Јахтата долга 60 метри, во сопственост на менаџерот на инвестициски фондови и филантроп Бил Милер, како и јахтата Киснет долга 122 метри, во сопственост на милијардерот Шахид Кан, беа меѓу првите што се закотвија во Венеција, каде што протестите неодамна се засилија поради „преземањето“ на главните објекти на градот од страна на Безос, објавува „Анса“.

Поради високото ниво на безбедност и строгата доверливост околу најелегантната свадба во годината, службениците на аеродромот „Марко Поло“ не сакаа да ги откријат идентитетите на патниците во многуте приватни авиони што веќе пристигнаа.

Би можело да ве интересира

Џеф Безос тајно подготвува предбрачен договор

А1он

ВИДЕО: Амазон ги лансираше првите сателити, ќе му прави конкуренција на Старлинк на Маск

Џеф Безос ја продаде палатата во Сиетл за рекордни 63 милиони долари и се пресели во „Бункерот на милијардери“

А1он

Маск, Цукенберг и Безос загубија 208 милијарди долари за еден ден поради падот на берзата

Катерина Ѓуровски

Изгубија 209 милијарди долари за два месеци – кој помина најлошо?

А1он

Вселенската компанија на Џеф Безос се подготвува да отпушти околу 1.400 луѓе

Горан Наумовски