Македонскиот надворешен долг е 4,6 милијарди евра

Од:

Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

На крајот на првиот квартал од 2025 година: На 31.3.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.630 милиони евра (или 28,4% од проектираниот БДП), и не бележи значителна – промена во однос на минатиот квартал. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67,9%.

Во текот на првиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 8.960 милиони евра, што претставува 54,9% од проектираниот БДП за 2025 година.

Би можело да ве интересира

Примопредавање на функцијата гувернер на Народната банка

Славески: Централната банка треба да се фокусира на трите основни цели, а една од нив е поддршка на политиките на Владата

Гувернерското место на Трајко Славески пред пратениците

Катерина Ѓуровски

Седницата за избор на гувернер на Народната банка е закажана за среда, 28 мај

Славески за гувернер е погребување на последната независна институција, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Во април: Годишен раст од 11,6% на вкупните депозити и од 11,8% на вкупната кредитна поддршка