Израел уби командант на Кудс силите во Иран

Од:

Израелскиот министер за одбрана – Израел Кац денес изјави дека армијата уби ветеран командант на Кудс силите, прекуокеанскиот огранок на Иранската револуционерна гарда, во напад врз стан во иранската покраина Ком.

Убиениот ветеран командант е идентификуван како Саид Изади, кој ги предводеше палестинските Кудс сили, објави Ројтерс.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно денес објавија дека елиминирале втор висок командант во Единицата за беспилотни летала (БПЛ) на Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во воздушен напад.

Во објава на социјалните мрежи, ИДФ соопшти дека воените авиони го погодиле и го убиле Амин Пур Џоки, за кого тврдат дека го надгледувал лансирањето на „стотици“ беспилотни летала од југозападен Иран на израелска територија, објави „Тајмс оф Израел“.

Би можело да ве интересира

Израел: САД не дозволуваат напади врз иранската енергетска инфраструктура

Конфликт во врвот на израелската армија: Министерот за одбрана го смени клучниот командант

Кац: Израелските војници ќе останат во тврдината Бофорт

Израелски мајор за примирјето: Еден од најлошите стратешки неуспеси што Израел некогаш ги доживеал

А1он

Израел: „Моделот на Газа“ за Либан

Иран утрово го започна 73от бран воздушни напади

А1он