ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше симбол за „ништо не работеше“ – освен кога се делеше тендер

Од:

Мицкоски рече дека досега исправал и пополнувал дупки и решавал проблеми што на Филипче, пајташите и самиот Филипче ги оставиле во државата. Дупки, недоследности и неодговорности во работењето што ја оставија државата разурната и уништена, ограбена, пред банкрот, осиромашена, удавена во инфлаторни шокови, со секој трет граѓанин што сака да си замине од земјава. Кога ќе зборува Филипче, јавноста не слуша план, туку ехо од Дубаи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Човекот кој четири години беше дел од најрасипничката и најкорумпираната власт во историјата на Македонија, сега од удобната опозициска фотелја се осмели да зборува за работа?! Па токму Филипче беше симбол за „ништо не работеше“ – освен кога се делеше тендер, договараше провизија или се распарчуваше здравството!

Христијан Мицкоски и Владата ја презедоа државата во најтешка можна состојба – оставена во долгови, со уништени институции, со криминализирана администрација и со економија на колена. И наместо да навива против Македонија, Филипче конечно треба да го прифати фактот: времето на шминка, лажни пресови и празни флоскули заврши. Работиме – и ќе работиме. И не за фотосесии или спотови, туку за народот. А ти, Венко – одмори. Плажите во Дубаи повторно чекаат, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот