МОН: Денес завршува пријавување од јунскиот рок за упис во средни училишта

Од:

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека денеска е последен ден за поднесување апликации, во рамки на првото пријавување од јунскиот рок за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година. Досега се поднесени 13 200 апликации.

Апликациите можат да се поднесуваат до крајот на денот. Второто пријавување е на 30 јуни, додека конечните ранг лист по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули.

-Потсетуваме дека пријавувањето е електронски и се спроведува преку порталот „e-uslugi.mon.gov.mk“, каде учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на „schools.mk“. Истовремено, реагираме и ги демантираме натписите во дел од медиумите, каде е наведено дека системот отежнато функционира или целосно е блокиран, се вели во соопштението на МОН.

Оттаму велат дека не постојат никакви предизвици во работата на платформата, на која досега се поднесени 13 200 апликации, односно поголемиот дел од полуматурантите веќе се пријавени за продолжување на образованието.

Конкурсот со слободни места е објавен на овој линк.

Би можело да ве интересира

Од 27.600 ученички места за упис во прва година средно образование, 7.900 се слободни за гимназии, а 18.000 во стручни училишта

Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2025/2026 година

Две третини од идните средношколци запишани во стручните училишта

Горан Наумовски

Од денеска до вторник запишување во средните училишта за учебната 2024/2025 година

Електронско пријавување за упис во средно образование од 20 до 25 јуни

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

А1он