Зеленски: Русите го понудија невозможното

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека Русите понудиле размена на своите воени заробеници за украинските деца што ги киднапирале и истакна дека тоа е невозможно.

Зеленски го изјави ова во Виена за време на заедничката прес-конференција со австрискиот претседател Александар ван дер Белен, пренесува Укринформ.

„Ние не ги разменуваме (децата киднапирани од Русија) за ништо. Ова е апсолутно неправедно. И искрено, ова е лудост, која, патем, ја предложија Русите: ние им даваме воен персонал, а тие ни даваат деца. Тоа е едноставно надвор од сфаќањето и надвор од меѓународното право“, нагласи Зеленски.

Според него, за да се вратат децата, потребна е уметноста на дипломатијата.

„Затоа вклучуваме толку многу земји, ни требаат толку многу проактивни луѓе кои, малку по малку, колку што можат, ќе ги вратат дома илјадниците деца што ги украде Русија, кај нивните семејства, кај нивните најблиски“, рече претседателот на Украина.

Зеленски им се заблагодари на претседателот на Австрија и на владата на таа земја за приклучувањето кон релевантните иницијативи.

Денес во Виена, во присуство на претседателите на Украина и Австрија, Володимир Зеленски и Александар ван дер Белен, беше потпишана Заедничката изјава за заштита и враќање на украинските деца од Русија.

Би можело да ве интересира

Орбан бара Зеленски да ги повлече агентите од Унгарија

Киев оди на сè или ништо: Зеленски се подготвува да мобилизира до еден милион луѓе

Небензја: Зеленски профитира од трагичните настани на Блискиот Исток

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски

Фицо ги повика партиите да го поддржат писмото испратено до Зеленски за транзитот на руска нафта

Предраг Петровиќ

Трамп „го стави на место“ Зеленски во емисија во живо: „Имаме најдобри дронови, не ни треба ничија помош“

Предраг Петровиќ