Штипско културно лето започнува на 24 јуни

Од:

Најстарата штипска културна манифестацијата Штипско културно лето (ШКЛ) годинава ќе го има 40.јубилејно издание. Кирил Панајотов вработен во Општина Штип денеска изјави дека ШКЛ почнува од 24 јуни, а низа на културно-уметнички содржини ќе има до 30 јули, со вкупно 35 настани, кои ќе одржуваат на повеќе локации.

Со оглед на интересот, организаторите повикуваат публиката навреме да ги следи објавите и распоредот на настаните.

– Јубилејното издание на ШКЛ е веќе подготвено и спремни сме за старт, почнуваме од следната недела од 24 јуни и се до крајот на седми месец до 30 јули имаме содржини вкупно 35 на број и се трудиме да го задоволиме интересот на публиката, изјави Панајотов.

Програмата опфаќа разни културно-уметнички содржини, концерти, претстави, изложби. Панајотов истакна дека ШКЛ останува важна платформа за промоција на културата и литературата, особено кај младите генерации, и продолжува да ги негува вредностите во градот.

Инаку, манифестација Штипско културно лето целосно е поддржана од Општина Штип.

Би можело да ве интересира

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена