Ново поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора!

Од:

Со гордост објавуваме дека Флекс Кредит, еден од најбрзо растечките брендови во индустријата за финансиските услуги, го прошири своето присуство и на пазарот во Црна Гора. Овој важен чекор претставува продолжение на нашата долгорочна стратегија за интернационален развој и зацврстување на позицијата како лидер на пазарите каде што сме присутни.

Проширувањето во Црна Гора е дел од нашата визија за глобален раст и посветеност кон градење на стабилен, доверлив и модерен финансиски екосистем. Со секој нов пазар што го освојуваме, ние не само што носиме иновативни услуги за нашите клиенти, туку и отвораме нови можности за вработување, развој и придонес кон локалната заедница.

Денес, покрај во Македонија, Флекс Кредит со гордост е присутен во Бугарија, Романија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Шпанија, Мексико, а од сега и во
Црна Гора – уште еден важен дел од нашата интернационална приказна за успех. Нашата сила лежи во синергијата на локалното искуство и глобалната визија, со
што обезбедуваме квалитетна и персонализирана услуга за клиентите во секоја земја.

Во темелот на нашето работење стои грижата за клиентите, вработените и заедницата. Веруваме дека долгорочниот успех се гради преку задоволни клиенти, мотивирани тимови, транспарентна комуникација, одговорни деловни практики и активна општествена одговорност.

Со новиот пазар, новите соработници и новите идеи, продолжуваме да ја градиме приказната на Флекс Кредит како стабилен, иновативен и општествено одговорен бренд кој остава позитивен отпечаток секаде каде што е присутен.

Би можело да ве интересира

Флекс Кредит одбележува 5 години постоење со наградна игра: „Признавам – не можам без тебе”

А1он

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година

А1он

Свесноста за женското здравје е приоритет: „Флекс кредит“ во соработка со клиниката „Жан Митрев“ организираше работилница за своите вработени