А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

Иран: Израел има терористички режим кој убива деца

by А1он13/06/2025 - 13:28194
Share0

Иранската влада изјави дека израелскиот напад врз земјата, во кој загинаа неколку ирански генерали, научници и граѓани, докажал дека овој, како што велат, „нелегитимен режим“ не се придржува до никакви меѓународни правила или закони.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во соопштението се нагласува дека Израел „отворено и дрско се вклучува во терор и ги разгорува пламените на војната пред очите на светот“, вклучувајќи ги и западните земји кои тврдат дека ги почитуваат човековите права и меѓународното право.

„Почнувањето војна со Иран е играње со лавовската опашка. Кукавичката ноќна операција за време на дипломатскиот процес за иранското нуклеарно прашање е знак за стравот на овој режим од моќта на Иран да го убеди светот дека иако ние Иранците никогаш не сме започнале ниту една војна во изминатите 200 години, не сме се двоумеле да ја браниме нашата татковина и нема да го сториме тоа“, се додава во соопштението.

Во соопштението се оценува дека израелската инвазија и „кукавичкиот атентат“ врз иранските генерали докажале дека овој режим е терористички по природа, објави агенцијата ИРНА.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во него се наведува дека одмаздата на Иран е негово „легитимно право“ и дека Техеран ќе одговори остро на „израелскиот терористички режим кој убива деца“.

iraniranska vladaizraelrezim

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски: Иран ни се заканува, но нè нападна одамна

Катерина Ѓуровски27/07/2026 - 09:11

Првремено примирје меѓу САД и Иран, падна цената на нафтата

Катерина Ѓуровски27/07/2026 - 09:0227/07/2026 - 12:31

Трамп ги запре нападите врз Иран по предупредувањата од американската војска

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 10:34

Техеран со остар одговор за нападот од Украина: „Овој авантуризам ќе има последици“

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 10:1926/07/2026 - 10:20

Комплекс скриен длабоко во Иран стана нова цел на Трамп: Експертите сметаат дека тешко може да биде уништен

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 00:3725/07/2026 - 20:45

Трамп со закана до Путин и Си: Би било многу лошо ако го вооружувате Иран

Предраг Петровиќ24/07/2026 - 19:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео