Кац: Активистите од едрилицата „Мадлин“ ќе бидат принудени да гледаат видеа од злосторствата на Хамас

Од:

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека притворените активисти од едрилицата „Мадлин“, која се обидуваше да достави помош во Појасот Газа, ќе бидат принудени да гледаат видеа од злосторствата извршени од палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври 2023 година во јужен Израел.

Кац ѝ нареди на војската да им го покаже видеото на притворените активисти кои се обидоа да ја оспорат израелската блокада на Појасот Газа.

Во соопштението се вели дека „застрашувачкото 43-минутно видео“, продуцирано од канцеларијата на портпаролот на израелските одбранбени сили, прикажува нецензурирани снимки, тешки за гледање бидејќи прикажуваат масакри и осакатени тела за време на нападот, а голем дел од нив е снимен со камери на милитантите на Хамас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Предраг Петровиќ

Израел го разгледува одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот во Газа

Десет нови смртни случаи поврзани со глад и неухранетост во болниците во Појасот Газа

Израел најави нова воена акција против Иран

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Нови жртви во напад на беспилотно летало врз Кан Јунис во Газа