Папата Лав ги нарече „за жалење’ националистичките движење

Од:

Папата Лав ја критикуваше појавата на националистички политички движења, нарекувајќи ги за жалење, иако не именуваше ниту една земја или лидери. Лав, првиот папа од Соединетите Американски Држави, на мисата пред десетици илјади верници на плоштадот Свети Петар извика Бог да ги „отвори границите, да ги урне ѕидовите и да ја растера омразата“.

„Нема место за предрасуди, за „безбедносни“ зони кои не одвојуваат од нашите соседи, за ексклузивното размислување кое за жал сега се појавува во политичките национализми“, рече тој.

Лав, поранешен кардинал Роберт Превост, беше избран на 8 мај да го наследи папата Франциск на чело на 1,4 милијарди членови на Католичката црква.

Пред да стане папа, Превост не се воздржа да го критикува американскиот претседател Доналд Трамп, споделувајќи бројни објави во кои се изразува несогласување со Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс на Х во последниве години.

Ватикан сè уште не потврдил дека тој е сопственик на сметката @drprevost на X, која беше деактивирана по изборот на Лав.

Франциск, кој служеше како папа 12 години, беше жесток критичар на Трамп. Во јануари, тој го нарече „срамен“ планот на претседателот да депортира милиони мигранти од Соединетите држави за време на неговиот втор мандат.

Францис претходно изјави дека Трамп „не е христијанин“ поради неговите ставови за имиграцијата. „Човек кој мисли само на градење ѕидови, какви и да се тие, а не на градење мостови, не е христијанин“, рече Францис за Трамп во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Папата разговараше со Путин, го замоли да преземе чекори кон мир

А1он

Претседателката Сиљановска – Давкова на аудиенција кај папата Лав 14

Папа Лав Четиринаесетти: Момент е за дијалог и градење мостови

А1он

Папата на Инстаграм: Би сакал овој поздрав на мирот да одекне во вашите срца, во вашите семејства и меѓу сите луѓе!

А1он

Папата Лав XIV ги повика водечките светски сили да ги прекинат сите војни

А1он

ВИДЕО: Изненадување од Ватикан, објавена снимка од новиот папа веднаш по изборот

Катерина Ѓуровски