(ВИДЕО) Сабаленка обезбеди финале на Ролан Гарос

Од:

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пласираше во финалето на Ролан Гарос!

Во многу интересен полуфинален натпревар кој траеше речиси два и пол часа, Арина ја победи Ига Швионтек од Полска со 2:1 (7:6, 4:6, 6:0).

Со овој пораз, Швионтек ја прекина својата серија од 26 победи на Ролан Гарос и нема да биде шампион во Париз по три последователни трофеи.

Од друга страна, Сабаленка за првпат ќе игра финале на Отвореното првенство на Франција.

Првиот сет донесе најмногу возбудувања, а на крајот, по голема борба, се беше решено во тај-брејк. Белоруската тенисерка беше повеќе од убедлива таму, победувајќи со 7:1 и преземајќи водство во сетови.

Во продолжението, Ига веднаш направи брејк, но Арина возврати со иста мера. Потоа тенисерката од Полска повторно ѝ го одзеде сервисот на противничката, што на крајот беше доволно за да слави 6:4 и да стигне до нерешен резултат.

Се чинеше дека ќе има спектакл во третиот сет, но тоа не беше случај, бидејќи Сабаленка го доби за само 23 минути, победувајќи многу убедливо (6:0), обезбедувајќи го своето прво финале на Ролан Гарос.

Во битката за трофејот, Арина ќе игра против подобрата од дуелот во кој ќе се сретнат Американката Коко Гоф и сензацијата на годинашниот Ролан Гарос, Французинката Лоа Боасон.

Би можело да ве интересира

Сензација во Париз – Данил Медведев елиминиран уште во прво коло на Ролан Гарос

А1он

(ВИДЕО) Сензација на Ролан Гарос – 1.447ми во свет, а победи тенисер кој го совлада Новак Ѓоковиќ

А1он

(ВИДЕО) Сабаленка елиминирана на Вимблдон – Анисимова е во големото финале

А1он

(ВИДЕО) Најгласната тенисерка во светот е погласна од моторна пила и автомобилска сирена

А1он

Швјонтек се пласираше во четвртфиналето на вториот Гренд слем во сезоната

Новак Ѓоковиќ славеше во првото коло на Ролан Гарос

А1он