Денес и утре во попладневните часови локален пороен дожд и грмежи

Од:

Под влијание на влажна и топла воздушна маса од југ до недела времето ќе биде многу топло.

Денес и утре во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.

Изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има и во сабота.

Од понеделник времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Во Скопје, денес попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.

Утре во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, УХМР препорачува да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Би можело да ве интересира

Денеска облачно со повремени врнежи од дожд

Денеска студено со дожд, снег на планините и на повисоките места

Горан Наумовски

Од четврток нагло заладување и обилен дожд, а на планините снег

Денеска променливо облачно, од утре постудено со дожд

Дожд и денеска, температурата до 21 степен

Никшиќ e под вода: Наврнаa 203 литри дожд на квадратен метар за 12 часа