Руте: На Киев никогаш не му било ветено членство во НАТО како дел од мировните преговори

Од:

Посветеноста на неповратниот пат на Украина кон НАТО останува, но на Киев никогаш не му било ветено членство во Алијансата како дел од мировните преговори, изјави денес во Брисел генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Руте рече дека Украина е поканета на самитот на Алијансата во Хаг, кој ќе се одржи за неколку недели.

„Ја поканив Украина на самитот. Што е можно поскоро, ќе објавиме програма со повеќе детали“, им рече Руте на новинарите пред состанокот со министрите за одбрана во Брисел, објави Ројтерс.

На прашањето дали Зеленски лично бил поканет, Руте рече само дека програмата ќе биде објавена навреме.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Французите ја разбираат Украина, многу им благодариме

Песков: Невозможно е да се формулираат безбедносни гаранции за Украина без учество на Русија

Свириденко поднесе оставка: Падна украинската Влада

Поранешен украински премиер: НАТО никогаш нема да го прими Киев во Алијансата

А1он

Дрон се урна во рафинерија за нафта во Краснодарската област и предизвика пожар

Ројтерс: Путин се подготвува за ескалација на војната во Украина