Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека заедно со Коцевски штити Дејан Салтировски

Од:

Ги отфрлам овие неосновани обвинувања и апелирам СДСМ да не профитира политички на оваа ужасна трагедија, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски откако опозициската партија обвини дека заедно со обвинителот Коцевски го заштитува тогашниот началник на СВР Штип, Дејан Салтировски, за кого не е покренато обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“.

– Се разбира дека нема вистина. Јас жалам што СДСМ и инсталации во опозицијата се обидуваат на еден мизерен начин да ја злоупотребуваат оваа трагедија. Тоа што го прават е нечовечки и нехумано, но оставам граѓаните да судат и да пресудуваат. Луѓето во чие време се случија најголемите сообраќајни несреќи кои однесоа десетици човечки животи, луѓе живи гореа, додека компании во Хонг Конг регистрирани за трговија со банани и јужно овошје трипати ги натплаќаа вакцините во време на ковид-кризата, луѓето во чие време како Влада се случи најголемиот скандал во здравството, на Онкологија, кога беше јасно дека пациентите во терминална фаза наместо терапија добиваат раствори итн., изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Институт за јавно здравје.

Нагласи дека обвинителот Коцевски „никако не може да биде близок со ВМРО-ДПМНЕ“ и дека тој бил предлог на претходната власт и го гласале тогаш нивни пратеници.

Дента на несреќата, „долетале“, рече, обвинители предводени од тројца луѓе – актуелниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, Гаврил Бубевски и Ислам Абази.

-СДСМ, ДУИ и други политички партии може да ја потценуваат јавноста, но таа е свесна и многу добро знае кој стои зад изборот на овие три имиња – Абази, Бубевски и Коцевски. Во една прилика во парламентот го читав листингот на пратениците кои го гласаа Љупчо Коцевски за јавен обвинител. Тој може да биде сѐ, но никако не може да биде близок до ВМРО-ДПМНЕ туку тој е јасно изгласан од мнозинството во Парламент и во Владата во која членувале СДСМ и ДУИ, на предлог на тогашниот прв заменик претседател на Владата, г. Артан Груби. Се разбира дека ги отфрлам овие неосновани обвинувања и ги повикувам СДСМ, но и останатите кои се обидуваат да профитираат политички на оваа ужасна трагедија, да не го прават тоа, истакна Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ние знаеме каде ја водиме Македонија – кон просперитет и иднина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Мицкоски: Исполнуваме клучно ветување – се гради автопатот Скопје – Блаце

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка