Најави за дожд овие неколку дена, од викендот многу потопло

Од:

Времето денеска е променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните североисточни делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок ќе има услови за локален слаб дожд и ќе дува засилен северен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневните температури, особено од недела.

Би можело да ве интересира

Сончево и топло до 36 степени, попладне можни дожд и грмежи

Сончево и топло со темеператури до 33 степени

Сончево време со северен ветер

А1он

Променливо облачно, попладне локално невреме со дожд, ветер и град

Променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи

Катерина Ѓуровски

Сончево и топло, попладне локална нестабилност со пороен дожд