Родителите на загинатите во „Пулс“ даваат поединечни искази во Основното јавно обвинителство

Од:

Родителите на лицата кои починаа во трагичниот пожар во клубот „Пулс“ од претпладнево во Основното јавно обвинителство во Кочани почнаа да даваат поединечни искази за случајот.

По претходно направен временски распоред, за што биле известени од Полицијата, родителите доаѓаат во Обвинителството и изнесуваат свои сознанија за настанот. Како што најавија и на протестниот марш во саботата, не сакаат јавно да зборуваат за правната постапка додека не заврши истрагата.

-Право за исказ имаат законските застапници на секој од починатите. Тие, доколку сакаат, можат во исказот да посочат и други блиски лица за кои сметаат дека имаат сознанија за настанот. Распоред за давањето искази нема да се објавува, а се работи за законско право на оштетените како странки во постапката, информираа од Јавното обвинителство во Кочани.

По давањето исказ во Обвинителството некои од родителите чии деца настрадаа во пожарот, кратко информираа дека во исказот навеле како дознале за трагичниот настан, дали располагаат со дополнителни информации за случајот, а им било укажано дека за евентуални отштетни побарувања ќе треба да поведат посебна граѓанска постапка.

Како што претходно информираше Јавното обвинителство, прибирањето искази од блиските на починатите во „Пулс“ ќе трае до четврток, а со ваквите дејства и одлуки обвинителите ги имаат предвид и ги штитат интересите на оштетените.

Би можело да ве интересира

16. Марш на ангелите во Кочани: До каде е постапката за полициските службеници за пожарот во „Пулс“?

Горан Наумовски

Апасиев го тужи Гаши за Надзорната расправа за трагедијата во Кочани

Се запали куќа во Кочани: Пожарникарите спасија повозрасна жена, три лица завршија во болница

Горан Наумовски

Предметот за пожарот во „Пулс” префрлен во надлежност на скопското Обвинителство

Продолжен е притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“

Владата ги демантира наводите во писмото од родителите на жртвите од „Пулс“