Обвинителството ги сослушува законските застапници на жртвите од дискотеката „Пулс“

Од:

Сослушувањата на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ започнаа денеска и се одвиваат со предвидената динамика, во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје, соопшти Јавното обвинителство.

Сослушувањата, како што се наведува во информацијата од обвинителството, се одвиваат согласно распоредот кој беше утврден директно со семејствата на жртвите во соработка со организацијата „Support Kocani“.

На 24 мај обвинителството објави дека законските застапници на починатите преку исказите дадени пред јавен обвинител ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон.

Исто така, ќе можат и директно да се информираат за текот и фазата во која се наоѓа постапката, но и да кажат свои сознанија за настанот.

Во изминатите два дена во соработка со волонтерите од „Support Kocani”, обвинителството ги контактира најблиските на починатите за да се утврди точно време и место во кое ќе можат да си го остварат ова свое право.

Како што тогаш беше најавено, сослушувањата ќе се вршат согласно утврден распоред од денеска до 29.05 (четврток) во просториите на јавното обвинителство во договор со оштетените.

Ваквите сослушувања се поединечни и на нив ќе биде повикан по еден законски застапник за секоја од жртвите да се произнесе во однос на правата како оштетени. Тој во својот исказ ќе може да предложи и други лица од семејството кои евентуално имаат сознанија за настанот.

Јавното обвинителство, согласно своите законски овластувања, во текот на целата постапка посветува особено внимание и грижа за жртвите на овој трагичен настан. При сите преземени дејствија и одлуки обвинителите ги имаат предвид и ги штитат интересите на оштетените.

Воедно, се уште активен е и повикот на обвинителството до сите останати кои што имаат лични сведоштва за несреќата, информации и докази во однос на работата на клубот „Пулс” – Кочани и поврзаните фирми, како и сознанија во врска со работата на институциите надлежни да постапуваат, да ги споделат со истрагата.

Тоа може да се направи со пополнување на формулар за пријава кој потоа треба да се испрати електронски на наменската адреса: [email protected].

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на утрото на 16 март загинаа 62 лица, а околу двеста лица беа повредени.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека зад објавите „Убијците од Кочани“ стои Венко Филипче и неговите структури

Катерина Ѓуровски

„62 ангела – вечна светлина во нашите срца“ вечерва во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани

Горан Наумовски

Граѓани, роднини и пријатели вечерва во Штип им оддадоа почит на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“

Во Скопје вечерва се одржува собир во чест на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шест месеци од несреќата во Кочани: Ова не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи