Мицкоски: Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата

Од:

Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата и тоа не било усогласено со децении, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски посочи дека сега ќе бидат нивелирани 50 отсто од царинските тарифи и ќе важат од 1 јули, а второто намалување ќе биде од 1 јануари 2026 година.

– Тоа се царински ставки, парафискални давачки, кои имаат намера да го зголемат домашното производство и да помогнат во извозот на домашните производни компании и се усогласуваат со европските, што е многу важно. Педесет проценти од царинските тарифи во моментов ќе бидат нивелирани и ќе важат од 1 јули, а останатите педесет проценти од 1 јануари 2026 година, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во Македонскиот народен театар, пред почетокот на Свечената академија по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите.

На новинарско прашање за најавите на претседателот Доналд Трамп дека ќе воведе царина од 50 отсто за ЕУ и дали тоа може да претставува закана за македонската економија, премиерот очекува дека ние ќе бидеме меѓу оние земји со најниски царински стапки.

– Нашата царинска ставка во моментот е 10 проценти со САД. Ние со ова усогласување воведуваме царинска ставка од 0 проценти за производите и услугите што доаѓаат од САД, така што очекувам сето тоа да биде препознаено. Веќе сме во сериозни разговори со администрацијата на претседателот Трамп. Јас веќе неколку пати разговарав со американскиот државен секретар за економија Хауард Лутник. Мислам дека ќе бидеме меѓу оние земји кои ќе имаат меѓу најниски ставки откако ќе се потпише тој договор, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации