Во викендот дожд и пониски температури

Од:

Времето денеска е променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 27 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со умерен југозападен ветер. Под влијание на нов влажен бран во деновите од викендот ќе има врнежи од дожд, локално во форма на невреме со пообилен дожд од над 30 литри на квадратен метар, проследен со грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Би можело да ве интересира

Времето топло, но повторно ќе врне

Катерина Ѓуровски

Облачно и дождливо денеска, од викендот полека ќе затоплува

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крај на денот локални врнежи од дожд

Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег

Сончево денеска, од утре и во викендот постудено со дожд

Есен во мај, повеќе ќе врне в четврток и петок