Трајко Славески е предложен за нов гувернер на Народна банка

Од:

Професор Трајко Славески е предложен за гувернер на НБРМ. Тој е изборот на претседателката Гордана Силјановска Давкова.

„При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот. Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“, велат од Кабинетот на Силјановска-Давкова.

За Славески сега треба да се изјаснат пратениците.

Трајко Славески е актуелен претседател на Советот на Град Скопје. Има богата академска и политичка кариера.

Редовен професор е на Економскиот факултет при УКИМ. Јавноста го памети и како министер за финансии.

Тој е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ.

Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска истекува утре.

Ангеловска Бежоска стапи на функцијата на 22 мај 2018 година.

Функцијата гувернер на централната банка пред Ангеловска Бежоска ја извршуваше Димитар Богов (2011-2018), а претходно Петар Гошев (2004-2011), Љубе Трпески (1997-2004) и Борко Станоевски (1986-1997).

Би можело да ве интересира

Славески за гувернер е погребување на последната независна институција, реагира СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Ставовите на Славески се лични, го поддржуваме бојкотот на маркетите

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Скандалозна изјава на Трајко Славевски, граѓаните да не бараат поголеми плати додека тој ужива

Катерина Ѓуровски

Славески: Се соочуваме со големи опструкции од страна на градоначалник и администрацијата на Град Скопје

Славески: Арсовска треба да сноси одговорност, врши диверзија во јавниот градски превоз

А1он

Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје

Предраг Петровиќ