Спасување на еврото

Од:

Европската централна банка (ЕЦБ) е подготвена да ги купува обврзниците на презадолжените земји од еврозоната, со цел да се намалат трошоците на нивното кредитирање. Германија не е воодушевена од повторното започнување со купување обврзници.

ЕЦБ тргна во одлучувачка борба за спас на еврото. Банката е подготвена од септември повторно да ги купува обврзниците на јужноевропските држави. Таа вчера ја задржа основната каматна стапка на рекордно ниските 0,75 отсто.

Претседателот на ЕЦБ Марио Драги истакна дека еврото е незаменливо.

За да ја решиме кризата, земјите од еврозоната мораат да спроведат структурни реформи и фискално да се консолидираат, изјави Драги.

Германија порача дека „не треба да претера со играњето, бидејќи ЕЦБ не постои за да ги финансира државите“.

Најголемата европска економија, на која и е потврден врвен кредитен рејтинг, предупредува дека бесконечното спасување на еврото е продолжување на политиката на евтини пари, која доведе до кризата.

Ако ЕЦБ размислува само за печатење пари за да купува обврзници, тогаш следните години ќе имаме инфлација во еврозоната, изјави Роберт Халвер од Франкфуртската берза.

Во Грција политичките лидери постигнаа договор околу мерките за штедење вредни 11,5 милијарди евра, во замена за новата транша помош од 31 милијарда евра.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер