Сенатот на САД ја одобри кандидатурата на дипломатот од кариера Џејмс Кенингам за следен американски амбасадор во Авганистан на местото на Рајан Крокер.
Кенингам беше заменик амбасадор во Кабул повеќе од една година. Претходно беше амбасадор на САД во Израел. Бил, исто така, и генерален конзул на САД во Хонг Конг и заменик постојан претставник во ОН.
Рајан Крокер во мај изјави дека се повлекува од функцијата поради здравствени причини. Освен во Авганистан, тој бил амбасадор на САД и во Ирак, Пакистан, Сирија, Кувајт и Либан.