Израел ги повика своите државјани да го напуштат Синајскиот Полуостров

Од:

Израелското Биро за борба против тероризмот ги повика сите израелски државјани итно да го напуштат Синајскиот Полуостров во Египет по добиените информации дека се подготвуваат напади врз нив.

Според наша информација терористички групи од Појасот Газа и други елементи ги продолжуваат напорите за извршување многу брзо терористички напади, најмногу киднапариња, врз израелските туристи во Синај, се наведува во соопштението од Бирото.

Во текстот, исто така, им се препорачува на сите Израелци да не патуваат кон полуостровот до следната препорака.

Според информациите на израелската државна телевизија моментално стотици израелски туристи престојуваат на брегот на Црвеното Море на Синајскиот Полуостров.

Синај, каде се наоѓаат најпосетените летувалишта во Египет, е многу населен со бедуини, кои долго време беа маргинализирани за време на владеењето на Хосни Мубарак. Несигурноста во овој регион многу се зголеми по соборувањето на Мубарак во февруари минатата година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан